Испечати

Полнети тиквички со месо

Полнети тиквички со месо

Состојки

  • 2 тиквички (поголеми)
  • смеса за полнење на тиквичките
  • 200 гр. мелено месо
  • 1 кромид (ситно сечкан)
  • 1 морков (ситно рендан)
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица црвен пипер
  • 3 лажици пченичен гриз
  • малку црн пипер
  • 1 лажица сув зачин
  • дополнително
  • 2 лажици масло
  • 500 мл. вода
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица сув зачин
  • прилог
  • по потреба кисела павлака или кисело млеко

Подготовка

1. Тиквичките се мијат, се бришат, се сечат со дебелина околу 5 см. Со лажичка им се вади средината и на долниот дел се остава да има неиздлабено дно. Ако остане дел од тиквичките, се сечат на кругчиња кои подоцна се ставаат помеѓу тиквичките во тавата.
2. Состојките за полнење на тиквичките се ставаат во длабок сад, се месат убаво со рака и со оваа мешавина од месо, зеленчук и зачини се полнат тиквичките.
3. Делот од тиквичките кој го издлабивме го блендираме, му додаваме 2 лажици масло, го ставаме како подлога во тавата и потоа ги редиме полнетите тиквички.
4. Ги мешаме брашното и сувиот зачин, му ја додаваме водата, мешаме и ја тураме во тавчето околу тиквичките.
5. Печеме на 200 степени околу 1 час до час и половина.
Се служат топли и како додаток оди кисела павлака или кисело млеко.