Испечати

Летна чорба со тиквичка, морков и пилешка супа од кесичка

Летна чорба со тиквичка, морков и пилешка супа од кесичка

Состојки

  • 1 кесичка пилешка супа со тестенини
  • 1 средно тикве
  • 1 среден морков
  • 1 стапче целер
  • 1 главичка сецкан, мал кромид
  • 1,5л вода
  • 1/2лажиче свежо мелен бибер
  • 1/4лажиче сол
  • 1-2лажици маслиново масло
  • за зачинување
  • 1 јајце
  • 100мл јогурт
  • 1 рака сецкан магдонос
  • сок од половина лимон
  • кубети

Подготовка

Ги обожаваме ваквите крем чорби, посебно во овој период, подготвени од сезонски зеленчук, кои навистина му се потребни на организмот.

Во касерола ставаме маслиново масло, додаваме сецкан кромид, морков, целер.
Запржуваме 1-2 минути на тивок оган.
Потоа го додаваме ренданото тикве и запржуваме уште 1-2 минути.
Налеваме вода, додаваме малку сол, бидејќи веќе кесичката има во составот и додаваме бибер.
Оставаме да проврие на умерен оган.
Сега целата содржина кратко ја поминуваме со стапчест миксер.
Ја додаваме и содржината од кесичката.
Вариме 5-6 минути.
Тргаме од оган.
Во еден сад ги соединуваме јогуртот, јајцето, сецканиот магдонос и сокот од лимон ( кој е задолжителен, за да не се подвари чорбата, а и секако за свежината која ја дава).
Во танок млаз го додаваме зачинувањето во касеролата, со постојано мешање.
Сервираме и послужуваме.