Посни чоколадни коцки
Состојки
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2-3 лажици какао
- 10 лажици мелени ореви
- 10 лажици зејтин
- 18 лажици брашно
- 20 лажици шеќер
- 20 лажици минерална газирана вода
- Фил
- 100гр чоколада за готвење
- 200 гр шеќер
- 200мл вода
- 100гр. какао
- 200гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
- За тесто
Подготовка
Сите состојки се мешаат во поголем сад и на два пати се печат во плех со хартрија.
фил-водата се става на оган со шеќерот, какаото и чоколадата и се остава состојките убаво да се спојат. Се трга да се олади и во оладената смеса се додава изматениот маргарин со шеќерот. Се изедначува филот и се дели на два дела. Првата кора се попрскува со неколку лажици варено какао, па се филува и над неа се реди втората кора. Глазура не е потребна затоа што филот е доволно густ и сјајен