Испечати

Ориз во сос од кајсии

Ориз во сос од кајсии

Состојки

  • 100гр ориз
  • 350мл вода
  • 200гр кајсии
  • 50гр мелени ореви
  • 30мл ликер од кајсии
  • 2 супени лажици мед
  • за послужување
  • 2 лажици мармалад од кајсии
  • 1 супена лажица сецкани ореви

Подготовка

Дојде сезона на кајси, па еве еден убав несекојдневен и многу вкусен десерт...
Во блендер се ставаат кајсиите и водата и се блендираат убаво. Потоа се ставаат во длабок сад на оган заедно со медот.
Откога ќе почне да врие се додава оризот и се вари 15 минути на тивко со повремено мешање додека се свари оризот и изврие течноста.
Пред да биде целосно варен оризот се додава ликерот од кајсии и мелените ореви.
Во длабока чинија се става на дното мармаладот од кајсии и сецканите ореви врз тоа се става варениот ориз се наросува со малку сецкани ореви.
Овој десерт е вистинско задоволство особено кога на дното ќе добиете изненадување од мармаладот со ореви ...
На здравје !!