Испечати

Мексиканска салата

Мексиканска салата

Состојки

  • Состојки
  • 1 зелена салата -марула
  • 200 гр сварен грав од Сончева Долина
  • 200 гр сварена пченка
  • 200 гр морков
  • 2 зелени пиперки
  • 2 лути пиперки
  • 2 млади кромидчиња
  • Прелив за салата
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка буковец
  • 2 лажици маслинов зејтин
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица соја сос

Подготовка

Како прво го вариме гравот од Сончева Долина во солена вода. Го цедиме од водата кога е сварен и го оставаме да се олади. Истото го правиме и со пченката.
Потоа измиената марула ја сечеме во садот во кој ќе ја правиме салатата. Кон ова ги го даваме гравот, пченката, исечените моркови, пиперките и младото кромидче.
Во една мала тегличка ги ставаме сите состојки за прелив за салатата. Го затвараме капачето и ги мешаме сите состојки. Со тоа ја преливаме салатата. На овој начин рамномерно од секоја состојка од преливот има на секој дел од салатата. Ако некој сака салатата да е полута може да додаде уште буковец одозгора.
Салатата е вкусна и пикантна,богата со протеини,па може да биде на Вашата трпеза за вечера или мезе за Вашите гости.