Испечати

Потпечени пиперки со изварка (урда) и сланина

Потпечени пиперки со изварка (урда) и сланина

Состојки

  • 10 зелени пиперки
  • 500 гр. солена кравја изварка
  • 2 јајца
  • 1 црвен патлиџан
  • 20 листови тенко сечена сланина
  • по потреба масло

Подготовка

Пиперките се мијат, им се вади семето, а делот со рачка се остава за затворање на наполнетите пиперки.
Солената изварка се меша со јајцата и црвениот патлиџан, излупен и исечен на коцки.
Се полнат пиперките со фил. Се затвораат со рачката.
Се обвиткуваат во две ленти сланина.
Се редат на намрсена хартија за печење во огноотпорен сад.
Се попрскуваат малку со масло.
Се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени додека убаво поруменат, околу 30-40 мин..
На здравје!
*Може да се пржат или печат на скара.