Испечати

Зеленчукова крем чорба со анасон

Зеленчукова крем чорба со анасон

Состојки

  • 1/2 страк праз
  • 1/4 анасон
  • 1 средно голем портокалов благ компир
  • 6 парчиња аспарагус
  • 2 грста блитва
  • 1 лажиче куркума
  • 4 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • по потреба вода, сол, црн бибер

Подготовка

Чорбава често ја спремам и топло ви ја препорачувам.

Во касерола ставете ги сецканиот праз и анасон.
Додајте го маслото и кратко запржете.
Налејте малку вода и оставете да се динста на тивко 5 минути.
Потоа додајте го слаткиот компир исечен на поголеми парчиња и аспарагусот.
Посолете и оставете кратко да продинста.
Налејте вода , одприлика 2 прста над зеленчукот.
Оставете да се вари 20 минути на среден оган.
5 минути при крај додајте ја исцепканата блитва, сецканото лукче, куркумата и црн бибер.
Оставете 5 минути да се довари.

Од сварената чорба издвојте малку вода и тргнете ја настрана.

Изблендирајте ја чорбата со рачен блендер.
Ако ви е многу густа додавајте од одвоената вода до саканата густина.

Послужете ја топла со цврст јогурт, кисело млеко или павлака.

Совет
Бидејки слаткиот компир при блендирањето впива повеќе вода, може за варење да си додадете повеќе вода од таа што јас ви ја посочив.
На крај секако ќе си оделите на страна, па ќе си додавате по потреба до саканата густина.