Испечати

Овошни пица колачиња

Овошни пица колачиња

Состојки

  • Тесто
  • 1 и 3/4 чаши брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1/8 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 50 г путер омекнат на собна температура
  • 60 г свинска маст
  • 3/4 чаша шеќер
  • 2 лажици крем сирење (или несолена изварка)
  • 1 пакетче ванилин шеќер или екстракт од ванила 1 лажиче
  • малку рендана кора од лимон
  • 1 јајце
  • Крем
  • 7 лажици крем сирење
  • 1-2 лажички млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила или ванилин шеќер
  • 1 чаша шеќер во прав
  • Овошје
  • мешано овошје по желба

Подготовка

Прекрасни колачиња кои се топат в уста. Самите колачиња без ништо се вкусни, можи и така да се јадат, а со кремот и овошјето се врв! Прекрасни и многу декоративни. Големина на чашата е 200 мл.

Инструкции
Прво изматете ги путерот заедно со свинската маст, шеќерот и крем сирењето. Убаво матете додека не се добие светла и мека маса.
Додадете го јајцето, ванилата и ренданата кора од лимон и продолжете да матите.

Потоа додадете ги брашното со прашокот за пециво, содата и солта и кратко изматете на мала брзина колку да се соединат.

Потоа со навлажнети раце правете топчиња (ќе бидат лепливи и малку незгодни за работа) и ставајте ги на плех обложен со хартија за печење и притиснете ги да се добие форма на диск. Оставајте простор помеѓу колачињата оти нараснуваат во текот на печењето.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги колачињата да се печат околу 10 мин додека само малку поруменат краевите.

Пригответе го кремот, изматете ги убаво крем сирењето, млекото, ванилата и шеќерот во прав додека не се добие убава кремаста структура.

Кога колачињата се готови, оставете ги 5 минути на хартијата да се изладат и потоа внимателно извадете ги.

Со лажиче нанесувајте од кремот и убаво израмнете.

Одозгора наредете ситно сецкано овошје по желба, јас ставив банана, јагода и боровинка, тоа имав.

Јадете ги веднаш.

Забелешка-наместо кремот од рецептот, можите во замена да изматите шлаг или слатка павлака, и така се вкусни.