Испечати

Спанаќ со јајца

Спанаќ со јајца

Состојки

  • 1 кгр спанаќ
  • 2-3 парчиња млад кромид
  • 100 гр ориз
  • малку брашно
  • 1 супена лажица црвен пипер
  • 5 јајца

Подготовка

 
Спанаќот ми е едно од омилените јадења. Не ми е омилен делот со миењето, оти многу време одзема, ама мирисот на зготвен спанаќ мммммм само што помислувам ми доаѓа вода во устата.
Спанаќот го делиме ливче по ливче и убаво го миеме. Го сечкаме ситно и заедно со една до две главички младо кромидче го ставаме во тенџере на оган за да му се земе водата.
Кога ќе испари водата сосема, налеваме масло и оставаме на тивко да се пржи. Кога ќе се запржи убаво, ставаме на врвот на лажиче брашно и една супена лажица црвен пипер. Непрекинато мешаме и долеваме врела вода малку по малку додека да се изедначи течната смеса. Насолуваме, додаваме зачин и малку ориз. Оставаме на тивко 5-6 минути додека оризот да се завари.
Рерната ја загреваме на максимум, смесата од тенџерето ја тураме во караванче (округла тава бр 30) и ја ставаме да се пече. По десетина минути ја вадиме тавата од рерна и во речиси зготвениот спанаќ ги кршиме петте јајца. Наросуваме по малу сол и бибер на секое јајце и ја враќаме тавата во рерна уште три до четири минути.
Се служи со кисело млеко, по можност овчо, а може и по едно парче старо овчо сирење.
Мммммммм...... Обожавам спанаќ.