Испечати

Скапоцен (Precious) ролат (без печење)

 Скапоцен (Precious) ролат (без печење)

Состојки

  • Темен дел
  • 125гр мелени бисквити
  • 125гр мелен орев
  • 1 лажица полна лажица квалитетно какао
  • 100мл млеко
  • 1/2 лажиче мелен ѕвездест анис
  • Светол дел
  • 100гр мелени бисквити
  • 150гр мелени печени лешници
  • 100гр шеќер во прав
  • 100мл млеко
  • 100гр млеко во прав
  • 1/2лажиче ванила
  • 150гр црно чоколадо, 2 лажици масло за глазура
  • мали бели топчиња за декорација

Подготовка

Во еден сад ги соединуваме мелените бисквити, мелените ореви, просеаното какао, анисот и постепено додаваме од млекото.
Не го ставаме оддеднаш, туку постепено и замесуваме со рака.
Треба да добиеме убаво непечено тесто, кое потоа лесно ќе го формираме во ролат.
Не смее да биде многу влажно.
Вака подготвено го расукуваме на парче правоаголна прозирна фолија
Во мала касерола на тивок оган ги ставаме млекото, шеќерот, ванилата.
Оставаме да почне да врие.
Тргаме од оган и со постојано мешање го додаваме млекото во прав.
Внимаваме да нема грутчиња.
Смесата може да се помине и со миксер неколку секунди, за да се изедначи.
Потоа ги додаваме бисквитите и лешниците.
Убаво ја соединуваме оваа смеса, која ќе биде малку поретка од претходната темна смеса, но потоа сама ќе се стегни.
Оваа смеса ја нанесуваме врз црната смеса, која веќе ни е поставена на проѕирна фолија.
Внимателно завиткуваме ролат.
Го оставаме во фрижидер 1-2 часа.
Потоа го прелеваме со чоколадна глазура.
Сечеме на парчиња и послужуваме.
Забелешка
До колку не ви се допаѓа вкусот на анисот, може да додадете рум, цимет......