Испечати

Похован стек со тартар сос

Похован стек со тартар сос

Состојки

  • Потребни состојки
  • 1 кг стек
  • 3 јајца
  • 50 гр сусам
  • 100 гр презла
  • 150 гр брашно
  • 200 мл масло
  • потребно за тартар сос
  • 4-5 рендани корнишони
  • 3 големи лажици мајонез

Подготовка

Похован стек е едно од омилените јадења на моите деца. Иако ретко правам поховани работи бидејќи се пржи во масло, понекогаш дозволувам ваков луксуз обично за викенд или кога имаме гости во најава. Се приготвува брзо и лесно, а стекот е сочен, вкусен и се топи во уста.
Пилешкиот стек може да се подготви како шницла или во форма на пилешки прсти. Јас овојпат се одлучив да биде како шницла бидејќи побрзо се подготвува. Стекот се мие, се посолува и се зачинува со малку бибер. Во една чинија ги кршиме јајцата и ги матиме со малку сол, во друга чинија ставаме брашно и во трета чинија помешуваме презла со сусам. Во Делимано тава загреваме масло, но не на најако за да не дојде до горење на стековите. Постапката за поховање е следна:
Шницлите стек најпрво се валкаат во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во презлата со сусам. Јас прво подготвувам 3-4 парчиња, ги ставам да се пржат и во меѓувреме ги подготвувм другите. Како прилог правам тартар сос од 4-5 рендани кисели краставички и 2 лажици мајонез. Пржените поховани стекови ги редам во чинија обложена со кујнски брисачи за да ја впијат вишокот на маснотија. Доколку сакате поздрава варијанта истото можете да го направите и во рерна без пржење.