Испечати

Мелено месо со грашак и компир

Мелено месо со грашак и компир

Состојки

  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 поголем компир
  • 1 мала конзерва грашак
  • 2-3 чаши вода
  • 1/2 чаша доматен сос
  • зачини - мешан сув зачин, пимент, оригано, ловор
  • запршка - 1 лажиче брашно + 1 лажиче чаден црвен пипер, масло
  • 50 мл павлака за готвење

Подготовка

Се дроби кромидот и кратко се запржува, па се додава морковот рендан и се пржи да омекни, па се додава меленото месо.

Откако водата ќе испари и запржи месото се додава компирот исечкан на помали парчиња и водата.

Се намалува температурата и се покрива со капак да крчка додека се свари компирот.

Потоа се додава грашакот и доматниот сос и откако ќе се соединат за кратко време се прави запршката и се додаваат зачините.

На крај се додава павлаката и откако ќе се соедини добро се гаси ринглата.
Доколку не сакате многу густа можи да додадете малку повеќе вода или пак ако побрзо ви испарила додека се варел компирот исто така.