Испечати

Поховани полнети јајца

Поховани полнети јајца

Состојки

  • 12 варени јајца (белки)
  • 2 јајца
  • по потреба брашно и презла
  • Фил
  • 12 варени јајца (жолчки)
  • 3 големи лажици мајонез
  • 1 голема лажица сенф
  • по желба сол, бибер, луто чили или буковец

Подготовка

Превкусна идеја за многуте јајца што ни остануваат од Велигден.
Се лупат јајцата и се сечат на половина. Се вадат жолчките во посебен сад. Белките пресечени на половина се поховаат во матени јајца, потоа во брашно, во презла и се пржат на многу зејтин.
На жолчките им се додава мајонез, сенф и зачини и со вилушка убаво се гмечат и соединуваат во кремаста смеса.
Со лажичка или шприц се става филот на половинките јајца и се послужува.