Испечати

Солена торта со варени јајца

Солена торта со варени јајца

Состојки

  • За кора
  • 6 јајца
  • прстофат сол
  • 6 лажици масло
  • 2 лажици кисела павлака
  • 12 лажици брашно- не многу полни
  • 1 пециво
  • 8-10 сецкани маслинки
  • За фил
  • 500 гр. фета сирење
  • 250 гр. кисела павлака
  • 3 варени и сецкани јајца
  • 3лажици мајонез

Подготовка

Вкусно соленко залче....

За кората ги матиме белките со трошка сол. Потоа ги додаваме жолчките една по една. Го додаваме маслото, па киселата павлака, матејќи на најслаба брзина, па брашното со пецивото.
Излеваме во плех обложен со хартија и одозгора ги распоредуваме маслинките.
Печиме во загреана рерна на 180, 15-20 мин. или според вашата рерна.
Оставаме да се излади, ги сечиме краевите и ја сечиме на три ленти, па филоваме.

За филот го соединуваме сирењето со павлаката со миксер, па го додаваме мајонезот и сецканите јајца.Убаво промешуваме, па филоваме.
Виткаме со стреч фолија и ставаме во фрижидер да отстои. Јас ја оставам преку ноќ, па украсуваме и послужуваме.

На здравје!
Се надевам ви се допадна мојава идеја како да ги искористите заостанатите велигденски јајца.)))