Испечати

Велигденски венец - козињак

Велигденски венец - козињак

Состојки

  • 1 кг. просеано бело брашно
  • 1 пресен квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 шоља топло млеко
  • 4 јајца
  • 1 ванила
  • 1 шоља шеќер
  • прстофат сол
  • од 1 лимон или портокал рендана кора
  • 100гр. бело суво грозје
  • 60 гр. маргарин
  • 1/2 шоља масло-околу 125мл.
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • 1 лажица вода
  • малку шеќер
  • една рака сецкани ореви на долго
  • Уште ќе ни е потребно 1 сварено јајце

Подготовка

Уште еден многу добар рецепт за козињак од мојот тефтер.
Го правеше свекрва ми, а јас го препишав од неа....))))

Сите продукти да бидат на собна температура.
Брашното се просејува и се прави вдлабнатинка, каде се рони квасецот, се додава 1 лажица шеќер и целото млеко - топло. Се зафаќа квасецот. Се чека да се активира.
За тоа време јајцата се матат со вилушка и се додава шеќерот и ванилата. Се' убаво се соединува.
Потоа во веќе активираниот квасец се додава солта, јајцата со шеќерот, ренданата кора од лимон или портокал. Се меша со лажица. Се додава маргаринот. Се меси со рака. Постепено се додава маслото и се замесува средно тесто.
Се вади тестото од садот и се продолжува со месење на работната маса. Маслото нема цело да влези во замесувањето, месејќи на тестото на маса ќе се додава малку по малку. Ќе се меси се додека убаво се впие во тестото, некои 15 мин-20 мин. При месењето и се удира тестото од маса.

Се става повторно во садот се покрива и се остава на топло да го дуплира волуменот. Нешто повеќе од 1 час беше кај мене времето.

Потоа без премесувње, тестото се вади од садот, се расплескува нежно со раце и се додава претходно попареното и исушеното суво грозје. На кратко се меси т.е. преклопува тестото.
Се дели на три дела. Се сукаат со дланки долги околу 50 -60 цм..
Се плетат.
Се ставаат во тенџере бр.28 намачкано со маргарин и обложено со хартија. И хартијата малку намрсена. Се витка плетенката во венец, на средина ставив варено јајце завиткано во хартија намрсена со маргарин за да не лепи на тестото.
Се остава да надојди убаво...
Најмалку 45 мин.на топло.Кај мене беше пак 1 час.

Се премачкува со жолчка разматена со 1 лажица вода.
Се наросува со шеќер и сецкани ореви.
Се става да се печи во загреана рерна 10 мин. на 200, ова е загревањето.
Штом го ставив го намалив на 160 и печев 1 час.Вие според вашата рерна.
После печење внимателно извадете го јајцето...
Лесна и успешна работа!
На здравје и за многу години нашиот најголем христијански празник Велигден!

П.С. Се меси во еден правец...мерката е шоља од 250 мл.. затоа и напишав 125 мл.масло отприлика...
Во оргиналниот рецепт стои сало, јас ставив маргарин.