Испечати

Чоколадни топчиња со кокос и локум (посно)

Чоколадни топчиња со кокос и локум (посно)

Состојки

  • 200г. кокос
  • 250г. локум
  • 200г. шеќер во прав
  • сок од 3 лимони
  • 100г. ореви
  • 50г. суво грозје
  • 150г. посно чоколадо
  • Глазура
  • 100г. посно чоколадо
  • 3 големи лажици масло

Подготовка

Се сецкаат локумот и оревите. Во поголем сад се ставаат сите суви состојки заедно со локумот и се мешаат, па се додава сок од 3 лимона и стопено чоколадо и се се меси да се добие убава смеса. Се прават топчиња и се ставаат во фрижидер убаво да се стврднат.
Откако ќе се стврднат се поливаат со глазурата од стопено чоколадо и пак се враќаат во фрижидер.
Може исто така да ги послужите и валкани во кокос или мелени ореви по желба.