Испечати

Тоблероне со грилијаж од сусам (без печење)

Тоблероне со грилијаж од сусам (без печење)

Состојки

  • За смеса
  • 4 јајца
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 1 лажица просеано чоколадно какао
  • 250 гр. маргарин
  • 400 гр. мелени бисквити
  • 100 гр. потпечен сусам на тава без масло
  • За гријажот
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. потпечен сусам на тава без масло
  • За глазура
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло
  • 6 лажици млеко

Подготовка

Јајцата се матат над пареа 20-30 мин. Се додава чоколадото и какакото. Се меша додека се стопи чоколадото и убаво се поврзе и какаото со јајцата. Се остава да се лади.
За тоа време го подготвуваме грилијажот.
Шеќерот се топи додека се втечни, но не многу да потемни, бидејќи ќе горчи. Па се додава потпечениот сусам. Се промешува и се излева на намрсена фолија да се лади, па се мели.
Во изладената смеса од јајца се додава маргаринот и се миксира.
Па се додаваат бисквитите, мелениот грилијаж, сусамот. Се’ убаво се меша, меси.

Два калапи се обложуваат со најлонска фолија. Се полнат од смесата. Се ставаат на кратко во длабоко замрзнување, па се вадат од калапите. Се полеваат со глазура. И повторно се враќаат во замрзнувач 15-20 мин.
Потоа се сечат со остар нож. Најдобро е со скалпел. Глазурата не пука, бидејќи има млеко.
Се оставаат во ладна просторија да се просушат. Ваквите колачи кои целосно не се чоколадираат, треба да се исушат. Времето може да биде од една ноќ, ден...Со допир на триаголникот ќе воочиме дали е доволно.

Глазурата се подготвува стандардно. Се топи чоколадото над пареа со маслото и млекото.

Уживајте!