Испечати

Богата салата со свеж и варен зеленчук

Богата салата со свеж и варен зеленчук

Состојки

  • 10тина листа салатка
  • 2 ротквици
  • 1 зрело авокадо
  • 200 г варена мешавина златен микс (морков, грашок и пченка)
  • 1 парче млад кромид
  • 1 краставица
  • сол и црн бибер
  • маслиново масло и јаболков оцет по желба

Подготовка

Ја сакам пролетта и летото, баш заради тоа што пазарите ни се богати со свеж зеленчук, нема што нема. Денот не можам да си го замислам без салата и обавезно експериментирање и различно комбинирање на зеленчуците. Оваа комбинација често ја правам и со варени јајца така што комплетно може да замени оброк. Исто така ја имам направено и со пилешки стек, со што исто така заменува ручек.

Подготовка

Зеленчуците треба да бидат добро измиени и исчистени, а златниот микс сварен.
Се дроби прво салатката, па краставицата, кромидот, ротквиците, се додава златниот микс, па авокадото.
Се додава сол и масло и оцет по желба. На крај се наросува црн бибер.
Исто така по желба се додава и рукола, јас често додавам рукола во комбинација со салатка.

На здравје!