Испечати

Колачиња обложени со локум

Колачиња обложени со локум

Состојки

  • За смеса
  • 450 гр. мелени бисквити
  • 150 гр. кршени бисквити
  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. црн крем
  • 2,5 дл. млеко
  • 1 лажица просеано чоколадно какао
  • За одозгора
  • 200 гр. локум со вкус на лимон
  • 200 гр. ситно сецкани потпечени ореви (во нутрибулет)
  • 200 гр. црно чоколадо за готвење
  • 6 лажици масло

Подготовка

На тивок оган се соединуваат млекото, магаринот, кремот и просеаното какао. Кратко сето тоа проврива. Се трга од оган, малку да олади и се додаваат бисквитите. Се’ убаво се соединува. Се остава да се излади, па уште еднаш се премесува.
Локумот се меси оревите.
Се зема од смесата со локум, се обложуваат форми од силиконски калап, се става од смесата со бисквити и се полева со растопено чоколадо.
Се става во длабоко замрзнување околу 10 мин., да се здрви убаво чоколадото и се вадат.
Дел од смесата наполнив во форми кои ги обложив со чоколадо.
Чоколадото се топи над пареа или тивок оган со маслото.
Малку да подизлади, да не биде ептен течно и се премачкуваат формите. Се ставаат во фрижидер, се полнат со смеса од бисквити и се затвораат со чоколадо и пак во фрижидер. Дури потоа се вадат од калапот.
Уживајте сладејки се!