Испечати

Манџа со свежа зелка, доматен сос и свински пафлак

Манџа со свежа зелка, доматен сос и свински пафлак

Состојки

  • Потребни состојки
  • 2 кг свежа зелка
  • 1 кг свински пафлак
  • 2 главици кромид
  • 100 мл доматно пире
  • 1 младо лукче
  • зачини сол, бибер, црвен пипер
  • 30 мл масло
  • Запршка
  • малку масло и 2 мали лажички црвен пипер

Подготовка

Зелката се чисти и се сецка на ситни парченца. Се чисти кромидот се сецка на ситно и во тава со маслото се запржува додека да порумени.
Потоа се додава постепено зелката и се динста додека да омекне. Се зема поголемо тенџере и во него се става пола од издинстаниот кромид и зелка. Врз тоа се прелева со дел од доматниот сос и се реди пафлакот кој претходно е исечен на парчиња. Врз месото се додава остатокот од зелката и се прелева со остатокот на доматниот сос. При крај се додаваат зачините и се прави мала запршка од малку масло и 2 м.л црвен пипер. Се вари на тивко околу 2 часа. Пред служење се додава сецкаото лукче.