Испечати

Десерт во чаша со авокадо и локум (посно)

Десерт во чаша со авокадо и локум (посно)

Состојки

  • Состојки за 4 чаши
  • За чоколаден дел
  • 100 гр спекулас бисквити
  • 25-30 свежи урми
  • 1 авокадо
  • 100 гр локум
  • 2 полни лажици какао
  • 2 полни лажици кокосов путер
  • сок од 1 портокал
  • За авокадно-зелен дел
  • 1 авокадо
  • 100 гр локум
  • сок од 1 портокал
  • За украсување
  • неколку малини
  • неколку листови нане

Подготовка

Ги имав овие состојки и си велам да подготвам нешто со што ќе ги изненадам домашните.
За овој сладок, вкусен, посен и декоративен рецепт ви се потребни блендер и основните состојки, четири чаши и четири лажички. Можете да си комбинирате, додавате и други вкусови, а јас еве ви го пренесувам производот како што го подготвив во мојата кујна.

Подготовка
1. Најпрво бисквитите ги мелеме и ги распоредуваме во чашите.
2. Урмите ги потопуваме во жешка вода барем 1/2 час, ги процедуваме и им ја отстрануваме лушпата.
3. Ги ставаме во чаша од блендер (нутрибулет во мојот случај).
4. Додаваме излупено и исчистено авокадо, сок од портокал, растопен кокосов путер(а и не мора да биде растопен), какао и сечкан локум.
5. Блендираме до измазнување на смесата, па ја распоредуваме и неа по чашите, врз мелените бисквити.
6. Во чашка од блендерот ставаме исчистено авокадо, сок од портокал и сечкан локум.
7. Блендираме до измазнување и зеленава смеса ја распоредуваме врз чоколадниот дел.

Можете веднаш да се сладите со десертов или пак ако сакате оставете го да излади во фрижидер. Го украсуваме со малини и листови нане.

Забелешка
Ако сакате десертов да ви биде посладок мжете да додадете мед или некој друг засладувач.