Испечати

Домашен бурек со изварка и спанаќ

 Домашен бурек со изварка и спанаќ

Состојки

  • 400 г тенки кори за пита
  • За полевање
  • 100 мл масло
  • 1 чаша обична вода
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажици јогурт
  • Фил
  • 200 г обарен иситнет спанаќ
  • 300 г урда

Подготовка

Значи буречево е топ, единствено си замерив што не ја искористив поголемата тава на Делимано, јас го правев во 24ката мислејќи дека ете корите се 400 г, па тоа тавче ќе биде таман. Но комотно можев и 28ка да искористам, а за 500 г кори, можи и 30-32 тавче. Нема везе, бурекот дојде повисок, ама превкусен.

Подготовка

Во тавчето се ставаат 2 кори, напрскајте ги со смесата за полевање. Краевите нека висат надвор.
После ставете 3 кори една по една, набрани и згужвани. Кога ја ставате секоја кора обавезно убаво се напрскува со смесата за полевање. Овде значи после 5 кори вкупно, нанесете еден дел од филот мешавина од изварка со спанаќ. Секако може да користите и друг фил по желба.
Повторете ја постапката, 3 кори набрани и напрскани, па фил. Продолжете додека не ги искористите сите кори. Последните 2 кори само напрскајте ги со смесата за полевање, а на крајот гледајте да ви остане малку од смесата за убаво да го прелеете бурекот.
Печете на 180 степени со пуштен вентилатор околу половина час. Пуштањето на вентилатор ми го кажа еден мајстор за бурек кој вели дека вентилаторот ги листа и и ги крева корите и на бурекот му дава волумен. Ако бавно ви се запекува бурекот, зголемете ја температурата на 200 степени.

После печење, превртете го бурекот на плитка поголема чинија и оставете го малку да се излади, па сечете го на парчиња и послужете го топол.

На здравје