Испечати

Шарени макарони со туна

Шарени макарони со туна

Состојки

  • 400 гр шарени макарони
  • 200 гр. парчиња туна, во масло
  • 6 кисели краставички
  • половина главица кромид (може и младо кромитче)
  • 10 тина црни маслинки
  • половина црвена пиперка
  • за прелив
  • 4 парчиња топено сирење
  • 400 гр. кисела павлака
  • 5 лажици мајонез
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка

Често приготвувам вакви макарони, во комбинација со туна. Може да одат и како ручек, но и како салата.
Најпрво, се варат макароните.
Во зовриена и посолена вода, се додаваат макароните. Се варат до омекнување, околу 12 минути. Потоа, се процедуваат и се попрскуваат со маслиново масло.
Во друг сад, ситно се сецкаат пиперката, краставичките, маслинките и кромидот. Се додава процедената туна и макароните. Се меша убаво со лажица.
За преливот
Се мешаат со жица за матење, сите состојки и се додаваат во макарони салатата.
Се посолува по вкус и се наросува мелен црн бибер.
На здравје!