Испечати

Топчиња од палента со биено сирење

Топчиња од палента со биено сирење

Состојки

  • 200 гр инстант палента
  • 650 мл вода
  • 2 жолчки од јајце
  • 50 гр биено сирење-рендано
  • 2 белки
  • сол, масло за јадење, сусам, оригано
  • пармезан

Подготовка

Предлог за совршено брзо мезе.
Прво сварете ја палентата во вода која врие и сте додале сол и масло.
Сварената палента оставете ја да се излади.
Во изладената палента додаваме жолчки од јајца и рендано биено сирење.
Со помош на мала лажичка вадиме топчиња кои ги ставаме на плех обложен со хартија за печење.
Формираните топчиња ги мачкаме со белка од јајце и ги наросуваме со сусам и оригано.
Печеме на 200 степени околу 10 минути.
Готовите топчиња ги наросуваме со пармезан и послужуваме.
На здравје!