Испечати

Какао суви кекси

Какао суви кекси

Состојки

  • 230гр брашно
  • 100гр путер
  • 1 јајце
  • 70гр шеќер во прав
  • 30гр какао
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 лажиче мелени лешници
  • 1 ванила
  • Ако има потреба додаваме 1 лажица млеко.
  • За декорација 50 гр црно чоколадо, 1 л масло

Подготовка

Во еден сад ги соединуваме брашното, путерот, шеќерот, јајцето, лешниците,солта, просеаното квалитетно какао и ванилата.
Со рака замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер околу 30 минути да одстои.
Потоа сучиме кора, со дебелина одприлика од 5 мм.
Со алатка вадиме форми, цветчиња.
Ги редиме во плех.
Печиме од 10-12 минути.
Оставаме да се изладат.
Ги декорираме со растопено чоколадо и бели ситни трошки.
Во состојките по сопствен вкус додаваме ванила, цимет, анис,......