Испечати

Салата со кисело млеко и кисела павлака

Салата со кисело млеко и кисела павлака

Состојки

  • 1 свежа краставица
  • 2 варени јајца
  • 100-130гр конзервирана пченка
  • 2 лажици кисела павлака
  • 2-3 лажици кисело млеко
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажиче масло
  • власец и лукче по желба и вкус

Подготовка

Освежителна и вкусна салата

Во еден сад ги соединуваме киселото млеко, павлаката, солта, биберот и маслото
По желба тука додаваме и сецкан власец.
Во друг сад ги соединуваме пченката, ситно сецканата краставица и сецканите варени јајца.
Состојките од двата сада ги соединуваме и сервираме.
Како прилог послужуваме лути мали тортиљи