Испечати

Штангли со јаболка (посно, без брашно)

Штангли со јаболка (посно, без брашно)

Состојки

  • Тесто
  • 4 благи јаболка
  • 1 замрзнат портокал
  • 1 шоља гриз (користиме шоља од 220мл)
  • 1 шоља кисела вода
  • 1/2 шоља зејтин
  • 100г. суво грозје
  • 1 пакување прашок аа пециво
  • 1 лаж. цимет
  • За премачкување
  • 5 с.л. мармалад
  • 100г. црно чоколадо
  • 3 с.л. зејтин

Подготовка

Штангливе ги сакаме бидејќи се многу вкусни, а немаат ниту брашно, ниту шеќер и се посни.
Се замрзнува убаво измиен портокал.
Јаболките се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето, потоа се ренда и замрзнатиот портокал, се додава сувото грозје и се мешаат заедно.
Се мешаат гризот, пецивото и циметот, па се додаваат во претходната смеса и се мешаат. На крај се додаваат киселата вода и зејтинот и се заедно убаво се соединува.
Смесата се истура во плех обложен со хартија и се пече на 180 степени. околу 40 минути. Додека тестото е се' уште жешко се премачкува со мармаладот, а кога ќе се олади се прелива со претходно стопеното чоколадо со зејтин и се сече на штангли.
Забелешка
- Бидејќи портокалот се користи цел со се лушпа, пожелно е да се кисне во вода со сода бикарбона пред да се замрзне за убаво да се измие.
- По желба може да додадете и 50г. ореви или било кои јатки.