Испечати

Солени мафини со млад кромид и морков

Солени мафини со млад кромид и морков

Состојки

  • 2 јајца
  • 2,5 филџани бело брашно
  • 2,5 филџани пченкарно брашно
  • 1,5 филџан масло
  • 2 филџани кисела вода
  • 1 филџан јогурт
  • 1/2 прашок за печиво
  • 150 гр рендано бело сирење
  • 1 сецкано младо кромитче
  • 1 рендан морков
  • За наросување-ленено семе и ким

Подготовка

Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.
Прво со жица за матење се матат јајцата.
Се додаваат сите течни состојки и повторно се мати.
Потоа се додаваат двата вида на брашно и печивото.
На крај се додава ренданото сирење, младото кромитче(се сецка и зелениот дел) и ренданиот морков. Се' убаво се меша.
Смесата се става во намрсено калапче за мафини и се пече во загреана рерна околу 20 минути на 180 степени.
На здравје!
Филџан 125мл.