Испечати

Пилешко со праз и морков

Пилешко со праз и морков

Состојки

  • 4 кара батаци
  • 3-4 моркова
  • 2-3 страка праз
  • на вкус сол и бибер
  • околу 250 мл. пилешки бујон
  • по 1/2 лажичка синап семе и толчена пиперка (буковец)
  • 1 лажица мед

Подготовка

 - Исчистените и измиени моркови и праз исечете ги по должина, потоа на поголеми парчиња.
- Пригответе го бујонот во кој ќе додадете половина од смесата спремана со зачинките.
- Измешајте ги сите зачинки. Одвојте половинка од добиената содржина која ќе ја измешате со медот и сосема малку масло, премачкајте ги кара батаците.
- Загрејте малку масло (не многу затоа што и местото ќе испушти мрснотија) во тава во која ќе може потоа да оди во рерна, ставете ги кара батаците да се пржат-потпекуваат, свртени со кожата надолу. Свртете ги и во овој момент околу нив ставете ги морковот и празот. Залијте со бујонот, ставете во веќе загреана рерна да се потпекува околу 20-25 мин, но повремено заливајте ги со бујонот и соковите кој го испуштиле морковот и празот.
- Кога е готово извадете, исцедете го вишокот на бујонот. Ќе ви биде потребен да го залиете прилогот кој ќе го изберете... булгур, ориз, кус-кус и киноа...
НАПОМЕНА
Ако го обожавате ловорот, можете да додадете при печењето и еден лист од истиот, а кој сака да се во делот на егзотиката - тогаш во зачинките можете да додадете и коријандер во прав или ако е семе да го столчите, мелен гумбир, а чудесно е кога ќе се додаде и стапче цимет.