Испечати

Кекс со јаткасто овошје, суво овошје и анис

Кекс со јаткасто овошје, суво овошје и анис

Состојки

  • 2 јајца
  • 4-5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 лажиче пециво
  • на врв на нож пециво
  • 1/2 лажиче анис
  • 300-330гр микс од суво овошје и јаткасто овошје( кај мене црни сливи, брусница, кандирани цреши, лешник, орев, листови бадем)

Подготовка

Во еден сад го соединуваме сецканото овошје, додаваме пециво, сода, анис и половина количина на брашно.
Убаво промешуваме.
Во вангличка ги ставаме двете белки, матиме цврст шам со половина количина на шеќер,
Во друг сад ги матиме жолчките, со остатокот на шеќер.
Сите состојки ги соединуваме со шпатула.
Смесата ја истураме во долгнавест, тесен калап обложен со хартија.
Печиме од 30-40 минути на 180 степени.
Го вадиме колачот на решетка да се излади, па сечеме парчиња и послужуваме.