Испечати

Сирење со јајце и павлака за 30 минути

Сирење со јајце и павлака за 30 минути

Состојки

  • 2л домашно кравјо млеко
  • 500гр кисела павлака
  • 4 јајца
  • 2 супени лажици сол
  • За пресол
  • 1л вода
  • 4 големи лажици сол

Подготовка

Го нареков сирење за 30 минути бидејки навистина за 30 мин се прави, а ќе ве воодушевви со вкусот.
За овој рецепт потребно е да се користи домашно кравјо млеко.
Во тенџере на оган ставете го млекото и оставете да зоврие со повремено мешање за да не загори.
Во друг сад ставете ги јајцата, павлаката и сол промешајте убаво.
Кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и ставете ги јајцата со павлака, варете 20 минути со повремено мешање.
После 5 мин ќе почне да се прави грутки, а сурутката ќе се одвои.
После 20 мин смесата ставете ја во цедилка(газа) и стиснете убаво за да се исцеди, но внимавајте да не се изгорите бидејки е врело.
Оставете го сирењето така во газата да се излади убаво, а потоа ставете го во фрижидер.
Ако сакате подолго време да ви стои во 1 л вода ставете 4 супени лажици сол да зоврие. Кога ќе се излади ставете го сирењето во него.
Самото сирење има вкус како младо сирење, благ вкус, меѓутоа доколку го чувате во оваа пресол ќе си добие солен вкус.