Испечати

Салата со магдонос и булгур

Салата со магдонос и булгур

Состојки

  • окоу 200-250 гр. исчистен магдонос
  • 130 гр. булгур
  • 100 мл. вода
  • 6 на број млад кромид
  • околу 600 гр. домати
  • на вкус сол и бибер
  • 80 мл. маслиново масло
  • на вкус исцеден сок од лимон

Подготовка

- Ставете да проврие водата со која ќе го залиете булгурот, поклопете го садот, оставете да ја впие водата и истовремено да олади.
- Исчистете го магдоносот, подебелите рачки отфрлетеги и потоа ситно исецкајте го.
- Младиот кромид ситно исецкајте заедно со перцата.
- Од доматот тргнете го семето, а потоа исечете на поситни коцки.
- Сите овие состојки ставете во поголем сад во кој ќе додадете готовиот булгур, измешајте, овкусете по ваш вкус со зачинките, додадете маслото, лимоновиот сок - измешајте.

Напомена
Оваа салата ќе биде Либанска салата со магдонос ако ја намалите количината на булгурот за 100 гр. помалку, ако во неа додадете од зачинки Пимент или по малку од цимет, каранфилче и морско оревче, секако дека ја прати и свежата мента. Доколку ја немате, тогаш може и малку сува да се додаде.
Мене вака ми е солидна без овие додатни зачинки. За мене е доволно и како оброк да ја имам, а најчесто ја служам со риба, што не значи дека е сосема добра и кон месо било од кој  вид.
Магдоност го сечам со ножица, така ми е полесно и побрзо земајки во обзир дека за да добиете исчистен магдонос од горена пишаната количина потребно е да купите околу 450-500 гр. магдонос.
Кога пробувам за вкусовите да видам дали нешто треба да и додадам, за не цела половина (ама тука некаде) јас пробувајки ја изедам. Многу добра освежителна салата. Топло ви ја препорачувам