Испечати

Брзи потпечени макарони

Брзи потпечени макарони

Состојки

  • 500гр. макарони по желба
  • 300гр. сирење
  • 3 јајца
  • 1л. кисела вода
  • масло,мешан зачин,бибер

Подготовка

Подготовка
Најбрза и едноставна подготовка на запечени макарони.
Во огноотпорна тава со капак истурете ги макароните.
Во макароните измешајте го дробеното сирење и трите јајца.
Ставете масло и повторно измешајте. Додадете ја киселата вода и печете на 220 степени околу 45мин. се додека не испари киселата вода и не се запечат макароните.
На здравје!!!