Испечати

Пилешко со печурки

Пилешко со печурки

Состојки

  • 300 гр пилешко месо
  • 300 гр свежи шампињони
  • 3 зелени пиперки
  • 1 главица кромид
  • 100мл сос од домати (или свежи рендани домати)
  • по вкус сол, црн бибер, кари

Подготовка

Најпрво го сецкаме пилешкото на коцки и го пржиме околу 5 мин. Потоа ги додаваме сецканиот кромид, пиперката и печурките. Тавчето го затвараме со капак и пржиме околу 20 минути. Го додаваме сосот од домати и готвиме уште 10 минути, додека течноста не испари.