Испечати

Куглов со јогурт, суво грозје и кора од портокал

Куглов со јогурт, суво грозје и кора од портокал

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • по 50 гр. суво грозје и сушена кора од портокал
  • кора од 1 лимон
  • 1/2 пециво
  • 2 чаши брашно
  • 1,5 лажица како

Подготовка

 Чашата е од 200 мл., а модлата со пречник од 21 см.
- Со миксер добро сматетете ги јајцата, додадете го шеќерот и промешајте. Потоа додадете ги брашното, во кое сте го ставиле пецивото, промешајте, па се по ред додадете ги сите состојки (освен какаото(. Добро и полека промешајте.
- Доколку сакате да го направите мраморен кугловот тогаш одделете помалку од половина од смесата - додадете го какаото, измешајте да се изедначи.
- Во добро подмачкан и побрашнет калап ставајте од смесата наизменично, жолта, кафена... ќе ги добиете шарите, а и не мора. Можете и така без какаото да ја истурите смесата имате навистина убав, свеж и мек куглов. Печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, поочекајте да олади, превртете и посипете со шеќер во прав, а можете и да го прелиете со глазура. Ваш избор.