Испечати

Колач со мармалад (посно)

Колач со мармалад (посно)

Состојки

  • 1 чаша вода
  • 1 чаша шеќер
  • пола чаша масло
  • 2 чаши мармалад од кајсии
  • 2 чаши брашно
  • 1 ванила
  • 1 лајче сода

Подготовка

Еве уште еден вкусен и посен колач за престојните Велигденски пости.
1. Сите состојки се замесуваат со лажица, а може и со миксер.
2. Се истура во намрсен плех 20х30 и се печи на 200 С околу 60 мин.
3. Пред крајот се поросува со сусам и се исклучува рерната. Може озгора да се пороси и со мелени ореви.