Испечати

Гранола со манго

Гранола со манго

Состојки

  • 1 зрело манго
  • 1 банана
  • 150гр. густ јогурт (јас користев домашно кисело млеко)
  • 1/2 лажица сок од лимон
  • неколку лажици домашна гранола
  • по желба свежо овошје (боровинки, малини, јагоди, рибизли)

Подготовка

Мангото излупете го и исечете го на парчиња, ставете ги во длабок и висок сад. Додадете ја бананата, јогуртот и сокот од лимон и измиксајте со рачен миксер да добиете мазна и густа смеса. Ставете ја смесата во длабок сад за послужување, додадете одозгора домашна гранола и овошјето. Послужете.
Пријатен појадок!