Испечати

Едноставен сос за свежи и крем салати (намаз, дип)

Едноставен сос за свежи и крем салати (намаз, дип)

Состојки

  • 1 авокадо
  • 125мл кисела павлака
  • 3 лажици мајонез
  • четвртина главица кромид (може и младо кромитче)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици оцет балзамико

Подготовка

Ова е една идеја за брз и доста вкусен сос, кој совршено оди со свежи салати, можете да го направите и како крем салата, намаз или дип.
Најпрво, исчистете го авокадото и испасирајте го со виљушка. Потоа, во авокадото додајте го ситно сецканиот кромид. Измешајте добро и постепено додавајте ја киселата павлака. Потоа, додавајте ги постепено, мајонезот, маслиновото масло, па балзамико оцетот. Измешајте добро, со жица за матење. Ќе добиете, густ и сјаен крем, со нежна зеленкаста боја. Посолете и наросете, по вкус сол и мелен црн бибер.
Оставете го сосот, во фрижидер да отстои, најмалку два часа, па послужете го, во каква и да сакате варијанта.
Овој пат, овој сос јас го додадов како прелив во свежа марула салата.
Како крем салата, во него едноставно додајте, две варени јајца, малку шунка, половина варен морков и две-три кисели краставички. Ќе добиете совршена крем салата.
Како намаз, често го користам во ладни сендвичи.
Како дип, го користам во комбинација со тортиља чипс или пржени компирчиња.
Јас немав младо кромитче, но бидејќи, пролетно, веќе можете да најдете свежо и младо кромитче, по пазарите, го препорачувам во овој сос.
На здравје!