Испечати

Шербет колачи со локум (посно)

Шербет колачи со локум (посно)

Состојки

  • За тесто
  • 350гр брашно
  • 1 чаша масло
  • 1/2 чаша млака вода
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • За шербет
  • 250 мл вода
  • 250 гр шеќер
  • 1/2 лимон исечкан на полукругови или кругови
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 100 гр локум за во колачињата

Подготовка

Колачи кои се многу ровки, слатки, со мирисна доза на цимет и нежен вкус на лимон. Одлични за во посни денови.

Подготовка
Најпрво подгответе го шербетот бидејќи треба да биде ладен кога ќе се потопуваат колачите во него.
Ставете ги сите состојки освен лимонот да почнат да вријат. Откако ќе почне да врие шербетот, нека врие на тивко 5 минути и потоа ставете ги кришките лимон. Нека врие уште 1-2 минути. Оставете да се излади.
Се замесува тесто од сите состојки, на меко, да не е многу на тврдо. Ако треба додадете вода или пак брашно, во зависност од потребата. Вадете топчиња измазнете ги и ставете ги на ренде. Ставете во нив парче локум и заролајте ги. Ставете ги во тавче во кое ќе ги печете и печете на 200 степени.
Откако ќе се испечат секое колаче се потопува во ладниот шербет и веднаш се вади.

Забелешка
Нека ви биде полна лажичката со пециво и сув квасец. Колачите откако ќе се испечат треба да ги извадиме од рерна и топли да ги потопуваме во шербет. Многу се ровки и порозни така да внимавајте, потопувајте ги и веднаш вадете ги, зошто убаво и веднаш си го впиваат шербетот.
На која страна од рендето ќе ги правите зависи од вас како сакате да изгледаат.
Инаку може и само да ги наполните со локум и да ги завиткате како кифлички.