Испечати

Топено сирење на мој начин

Топено сирење на мој начин

Состојки

  • 300 гр изварка
  • 300 гр кашкавал
  • 100 мл ќечап
  • 300 гр фета сирење
  • зачини по желба
  • 1 павлака

Подготовка

Секогаш кога ќе ни се пријаде топено сирење си правиме во истиот момент и обично со тоа што имаме и дома нормално тоа користиме.
Не е нешто многу сложен рецепт но ова е она како јас го правам дома.
Мерките морам да кажам се од око, оти ретко кога мерам.
Малечките земјени садови ги мачкам со ќечап , ја додавам изварката, малку фета и павлака да се соедини се тоа, ставам во загреана рерна да се печи, и по некое време го ставам ренданиот кашкавал и се печи додека не се растопи убаво кашкавалот и добие убава боја.
Од горе ставам зачини во случајот е сушен домашен зачин ( магдонос, нане) ама можи да ставите тоа што вие имате дома.