Јафа - Кекс
Состојки
- Фил
- 1 Јајце (големина Л)
- 75 гр Шеќер
- 50 мл Млеко
- 5 г.л. Масло
- 60 гр Брашно
- 2 г.л. Какао
- 1/4 м.л. Пециво
- 1 Портокал (кората)
- 2 (150 мл) Портокали (сокот)
- 2 г.л. Ликер од портокал
- Пандишпан
- 1 Јајце (големина Л)
- 75 гр Шеќер
- 50 мл Млеко
- 5 г.л. Масло
- 60 гр Брашно
- 1/4 м.л. Пециво
- За премачкување - 4 г.л. Мармалад од кајсии
- За ганаж
- 100 гр Чоколадо
- 100 мл Слатка павлака (хопла)
Подготовка
Овој сочен кекс е идеален за љубителите на јафа вкусот. Наведените состојки се за тавче со димензии 20х30цм, и во тој случај врз светлиот пандишпан го ставам целиот фил, па ганаж глазурата. Овојпат пандишпанот го печев во мал калап (10х20цм) и го пресеков на пола, истотака и филот го поделив на пола и на крај завршив со ганаж. Изборот е ваш.
Подготовка
Фил - Во длабок сад го миксираме јајцето со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Потоа ги додаваме млекото и маслото. На крај се додаваат претходно соединети (брашно, пециво и какао).
Печеме во загреана рерна на 180 степени, проверуваме со чачкалица. Јас го печев во тавче број 20. Изладениот кекс го рониме со раце, па во него се додава кората од портокалот (претходно одстоен во сад со вода и сода) сокот од портокал и ликерот. Миксираме до хомогенизирање.
Пандишпан - Подготовката е потполно иста како за кафениот пандишпан, само тука не се додава какао.
Врз пандишпанот премачкуваме мармалад од кајсии, па го нанесуваме филот и завршуваме со ганажот (слатката павлака ја загреваме...внимаваме да не зоврие) и го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи.
На здравје!