Испечати

Бротчиња - тесто за пица

Бротчиња - тесто за пица

Состојки

  • 1 кг. просеано бело брашно
  • 1/2 коцка пресен квасец
  • 20 гр. сол
  • 40 гр. шеќер
  • 200 мл. масло
  • 500 мл. млака вода
  • Фил по желба

Подготовка

Кој може да им оддолее....))))

1.Во просеаното брашно се активира квасецот со малку шеќер и топла вода, да запени, па се додаваат останатите состојки и се меси меко, еластично тесто.
Се изработува убаво,се премачкува со масло, покрива и се остава да надојде додека дуплира волумен,околу 1,5-2 часа.
2.Се дели на 6 дела, се формираат топки, се премачкуваат со масло и се оставаат да надојдат 30 мин..
3.Потоа со помош на дланките се обликуваат пиците.
Се премачкуваат со доматен сос, зачинет со босилек и оригано, можи и малку лукче, па се додава сувомеснато по желба и на крај сиренце.
4.Се печи на најјако додека убаво порумени, јас печев на дрва.

На здравје!