Испечати

Новогодишни колачи

Новогодишни колачи

Состојки

  • 150гр Маргарин
  • 1 Јајце
  • 100гр шеќер во прав
  • 300гр Брашно
  • за декорација
  • 250гр Шеќер во прав
  • 2 Белки
  • прехрамбени бои (по желба)

Подготовка

1.Маргаринот, јајцето и шеќерот во прав се матат.
2.Потоа се додава брашното и се меси, се расукува и се прават форми со калапи.
3.Се редат на хартија и се печат на 200 степени во загреана рерна додека не заруменат.

За декорација
1.Белките и шеќерот во прав се матат.
2.Се дели во повеќе чинии и се става боја по желба(колку бои сакате на толку поделете).
3.Се става во ќеса и се декорира по ваш избор.