Испечати

Тегнета Баница

Тегнета Баница

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 лажичка сол
  • 100 мл зејтин
  • 500 мл топла вода
  • 1 лажичка киселина
  • Фил
  • по желба сирење,рендан компир,праз....

Подготовка

Од сите состојки се меси меко тесто и одмора 20мин. Потоа го делиме тестото на 6 топки кои се премачкуваат со масло.Се одмараат 10мин. Секое топче се плеска со раката и пак се премачкува со масло од двете страни и одмораат 20мин. Со мрсни раце се зема едното тесто и се тегни на чист чаршав.Се прска со масло и се поросува со сирење.Со помош од чаршавот се прави баничката сакате посебно баничка или во круг во тепсија. Се печи на 250С-20мин.При крајот се попрскува со вода жешка и 1 лајче сол и 1 лажица масло и се остава да се допечи во исклучена рерна. Кога ќе се извади тепсијата се покрива со крпа.