Испечати

Веге лазања со сос од печурки и леќа (посно)

Веге лазања со сос од печурки и леќа (посно)

Состојки

  • 1 средна тиквичка
  • 1 среден модар патлиџан
  • 3 чешниња лук
  • 200 гр. печурки
  • 1/2 чаша (125 гр) црвена или кафена леќа
  • 250 мл. вода
  • 180 мл шолја млеко од растително потекло (кокосово)
  • 2-3 супена лаж. маслиново масло
  • 2 ловоров лист
  • 1 кафена лаж. босилек
  • 1/2 кафена лаж. сол
  • Сос од домати
  • 360 гр. доматно пире
  • 1 супена лаж. оригано
  • 1 кафена лаж. шеќер
  • 1/2 кафена лажица сол

Подготовка

1. Подгответе ги сите состојки

• Тиквичките и модрите патлиџани исечкајте ги на што е можно потенки парчиња, посолете ги и оставете ги да им испадне водата додека ги спремате другите состојки. Кога ќе завршите измијте ги убаво од солта и исушете ги со сува крпа.
* можете кратко да ги пропржите на обична или грил тава за да завршите побрзо со печење (чекор 6)
• Лукот, кромидот и печутките исечкајте ги на коцки.
• Исплакнете ја и исцедете ја леќата.

2. Во голема тава, загрејте маслиново масло и пропржете ги кромидот и лукот 4 минути на средна топлина. Додадете ги печурките и пржете додека не омекнат.
Додадете ја леќата, водата и ловоровите листови. Покријте со капак и гответе на средно-тивок оган 15 минути. Кога ќе испари водата додадете млеко од растително потекло, зачинете со босилек и варете без капак уште 15 минути или додека леќата целосно не омекне. Вкусете и додадете сол и бибер.

3. Во средно тенџере ставете малку масло, доматно пире, оригано, шеќер и сол. Оставете да зоврие и тргнете го од оган.

4. Загрејте ја рерната на 180С.

5. Во меѓувреме нанесете 1 голема лажица доматен сос на днотото на садот и ставете еден ред парчиња тиквички. Додадете од смесата со печурки и леќа и рамномерно намачкајте. Наредете уште еден слој парчиња модар домат, прелијте и рамномерно намачкајте со сос од домати. Ставете уште еден слој мешавина од печурки и леќа, парчиња тиквички, сос од домати, мешавина со печурки и леќа и одозгора ставете уште еден слој модри патлиџани.

Намачкајте ги модрите патлиџани со ½ лажичка маслиново масло и прелијте со доматен сос.

6. Печете 25 минути (ако претходно термички сте ги обработиле тиквичките и модрите патлиџани*), во спротивно оставете ги да се печат подолго во рерна (50-60 мин)

Извадете го садот од рерна и оставете го да се излади 10 мин.

Зачинете со свеж босилек и уживајте!