Пилешко со див ориз
Состојки
- 200гр див ориз
- 400гр пилешки стек
- 60 гр путер
- 1/3лажиче сол и црн бибер
- За пилешкото
- 1 лажица мед
- 2лажици слатко киселкаст сос
- 1 мало лажиче сусам
- 2 чешниња лук
- 100мл соја сос
- 1/3лажиче чили трошки
- 50мл маслиново масло
- 1/6 лажиче црвен пипер
Подготовка
Во кацерола на оган ставаме путер, па кога ќе се растопи го запржуваме претходно измиениот див ориз.
Додаваме вода и оставаме да се вари.
Зачинуваме со сол и свежо мелен црн бибер.
Кога е готов, варен. го цедиме од остатокот вода, па го сервираме дирекно во чиниите.
( јас користев округли модли за сервирање )
Во сад на страна го сецкаме пилешкото месо.
Со ножот на дрвена даска го притиснуваме чешнето лук да ја испушти својата арома и да го добро излупиме.
Го сецкаме и додаваме во пилешкото мевце.
Сите останати состојки, како соја сосот, маслото, слатко киселкастиот сос... ги додаваме во пилешкото мевце.
Зачинуваме, промешуваме и оставаме малку да постои.
Го ставаме во вок тавата и го запржуваме на тивок оган.
Се пржи убавко да ја смени бојата, а сосот да си ја добие својата густина.
Уште додека е топло се прелева околу и врз оризот. Се служи топло.
Нека ви е слатко со овој микс на вкусови.