Ролнички од тиквица
Состојки
- 1 тиквица
- ½ лажиче сол
- 1 лажица маслиново масло
- 50 гр рендано биено сирење
- Фил
- 100 гр сирење
- 3 лажици павлака
- 2 кисели краставички
Подготовка
Ролнички од тиквица
1 тиквица
½ лажиче сол
1 лажица маслиново масло
50 гр рендано биено сирење
Фил
100 гр сирење
3 лажици павлака
2 кисели краставички
Тиквицата ја лупиме и ја сечиме на тенки ленти. Со бришач или кујнска крпа ги сушиме со тапкање. Редиме во плех обложен со хартија за печење од лентите тиквица надолжно, потоа врз нив ставаме тиквици лента напречно и ги преклопуваме во вид на мрежа преку една надолжна лента напречната ја ставаме под неа. Посолуваме, ставаме масло и пелиме во загреана рерна на 180 степени, 15тина минути, додека не омекнат и поруменат. Откако ќе се испечат, ставаме биено сирење и оставаме малку да се подизлади. За тоа време го правиме филот. Сирењето го дробиме со виљушка, додаваме павлака и сецкани кисели краставички, промешуваме. Тиквиците ги премачкуваме со филот, виткаме ролат. Послужуваме парчиња ролат.