Испечати

Цимет ѕвездички Zimtsterne (гремански божиќни колачи)

Цимет ѕвездички Zimtsterne (гремански божиќни колачи)

Состојки

  • 2 белки
  • прстфат сол
  • 200 гр шеќер во прав
  • 2 лажици ванила (препорачувам во ванила во прав)
  • 1 лажиче рендана кора од портокал (или портокал шеќер)
  • 2 лажички цимет
  • 300 гр мелени бадеми

Подготовка

1. Се матат белките со прстофат сол.

2. Потоа постепено во 3 до 4 наврати се додава шеќерот и се мати до цврст шам.

3. Од него се вадат 4 лажици на страна, а во садот се додаваат аромите и откако ќе се измеша на крај мелените бадеми.

4. Се меси компактно тесто. Вака е по рецептот, но за да се добие тесто кое ќе можи да се работи за секој случај имајте си уште барем 100на гр мелени бадеми плус. Компактноста на тестото сепак зависи и од големината на белките, како и од бадемите колку се сочни или суви и колку се ситно или покрупно мелени, како и од густината на ванилата (нашата е потечна). Користев Л број јајца, но ве советувам да земите помали.

5. Измесеното тесто завиткајте го и оставете го 15на минути во фрижидер.

6. Потоа расучете го на посипана површина со мелен бадем со дебелина од 4-5мм и вадете ѕвездички со помало калапче.

7. Наредете ги во плех обложен со пек-хартија и одозгора премачкајте ги со шамот кој на почетокот го тргнавте на страна.

8. Печете на 120С 15-20 минути зависно од силата на вашата рерна на подсредната решетка. Се внимава да останат бели.