Испечати

Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Состојки

  • За делот со макарони
  • 50 гр ситни макарони или школки за супа
  • 350 мл млеко со ниска масленост
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1,5 лажица ситно сечкани лешници
  • кора од 1 мал портокал
  • За овошниот дел
  • 1 јапонско јаболко
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 ќесиче ванилин шеќер
  • сок од 1 мал портокал
  • 1 лажица калинка

Подготовка

Малку необичен десерт, но верувајте многу вкусен, а комбинацијата топ!Не дека некој од вас не јадел благи тестенини, но повеќето не сме ги пробале или не сме се осмелувале до сега. Имав намера да пробам сосема нешто едноставно затоа што стравував да не фрлам ако не ми се допадни, но ете, баш рецепт со влог испадна за одлука како за мое прво сефте на десерт со тестенини. Затоа и самиот рецепт е за едно лице, за проба, за скептиците како мене, но и покрај тоа сепак радозналички

Подготовка

1. Лешниците исечкајте ги поситно или истолчете ги и потпечете ги малку на суво. Јас имав баш толку колку ми требаше заостанати ореви, па нив ги употребив. Следен пат со лешници ми е намерата.

2. Во мало тенџерче истурете го млекото, додајте ја кората од портокал, шеќерот и какаото и оставете да зоврие. Ако немате мал портокал, употребете половина голем.

3. Во зовриеното млеко додадете ги макарончињата и на средна кон ниска температура сварете ги.

4. Кога ќе испари течноста и почнува да се згуснува тргнете ги, не ги оставајте многу да испари течноста па потоа да бидат суви.
Доколку сметате дека не ви се свариле тестенините додадете уште малку млеко. Сепак некоја тестенина сака подолго варење од друга или пие повеќе течност. Во принцип оваа количина треба да е мерката.

5. Штом сте ги тргнале од рингла додајте им ги печените лешници и измешајте.
Во меѓувреме додека се варат макарончињата исечкајте го јапонското јаболко. Моето беше толку презрело што немаше шанса да се сечка.

6. Во мало тавче ставете го шеќерот да се карамелизира, потоа додајте го јаболкото и сокот од портокал, па на крај ванилиниот шеќер.
Пржете додека се стопи карамелот, но внимавајте и ова да го оставите малку течно, за да не дојди со ладењето суво.

7. Во мал длабок сад најпрво ставете ги макароните, а одозгора прелијте со карамелизираните јаболка. Одозгора поросете зрна калинка и веднаш грабајте ја лажицата : )