Динстани кременадли во крем супа
Состојки
- 6-8 парчиња свински кременадли
- 1 лажица сало
- 1 ќесиче пилешка крем супа
- 600 мл вода
Подготовка
Ова е многу лесен и вкусен начин на спремање кременадли без потреба од многу состојки, без да ја вклучите рерната. Кај мене беа дел од божиќниот ручек.
Подготовка
1. Во тавата во која ќе спремате ставете го салото да се стопи и потоа кременадлите кои претходно може, а не мора мнооогу малку да си посолите и побиберите.
2. Запржете ги по 5 минути на обете страни.
3. На страна измешајте ја супата во водата и потоа додадете ја во тавата со кременадли. Течноста треба да ги покрива.
4. Поклопете со капак и динстајте ги околу еден час на средна температура.
Пред крај проверувајте ја густината на сосот и можноста да не запечат одоздола. Не би требало, но ако сметате дека има потреба додадете по малку вода во текот на динстањето.
5. Готовите кременадли префрлете ги во сад или чинија за сервирање и одозгора прелијте ги со сосот.
Потоа поросете малку свеж магдонос.